На социјалните мрежи во текот на вчерашниот ден, се појавија бројни видеа кои со потсмев гледаа на заблагодарувањето на директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов на словенечкиот лидер на тим Роберт. Ангелов му се обрати на три јазици:„Фала још једном, ви благодарам многу, тенкју вери мач“, и со тоа предизвика лавина од коментари.
Но, Ангелов не им остана должен, па им реплицираше да не се палат како мали деца.
„До сите оние сеирџии кои се нафрлија со навредливи коментари:
Не се палете како млади … деца.
И Господ нека ви дава здравје. И вие сте златни луѓе само сте полни со отров и омраза.
Со словенечкиот лидер на тим Роберт, претходно зборувавме повеќе од еден час на српски можеби малку и на хрватски јазик а делумно и на англиски јазик. Нормално е на крај да му се заблагодарам на јазикот на кој претходно зборувавме повеќе од еден час, и уште понормално благодарноста да ја искажам и на мојот мајчин македонски јазик. За крај, за да ме разберат помладите Словенци кои стоеја околу нас, се заблагодарив и на англиски јазик бидејки повеќето од нив не го говорат ниту разбираат српскиот односно хрватскиот јазик.
Да сте живи и здрави сите!“, напиша тој.



