Не се чувствувала добро, па отишла на доктор: Кога ѝ извадиле крв, докторите останале шокирани

Њујоршките доктори не можеле да си поверуваат на очите, кога и извадиле крв на една 25 годишна жена на Роуд Ајленд.
Жената се пожалила на општа слабост, замор и тешко дишење, а откако влегла во ординацијата, жената буквално посинела. Дури и ноктите и станале темно сини, а кожата и изгледала како премачкана со сина боја. Докторите Отис Ворен и Бенјамин Блеквуд не можеле да поверуваат на сопствените очи, а сега за овој случај пишуваат во медицинско списание.
Сметаат дека бојата дошла од лекот што го користела за забоболка.
„Таа рече дека користела големи количини на бензокаин минатата ноќ поради забоболка“, напишале лекарите.


Д-р Ворен за Си-Ен-Ен изјави дека видел таков случај само еднаш во животот, и уште додека стажирал. Тој добро се сети на случајот, па веднаш знаеше што се случува со овој пациент.
„Тоа е еден од ретките случаи за кои учите, но ретко го гледате“, рече тој.
Дијагнозата е реакција предизвикана од одредени лекови кои спречуваат крвта да транспортира кислород во ткивата.
Имено, крвта богата со кислород е со светло црвена боја. Сепак, иако пациентите со оваа дијагноза се чини дека имаат сина крв, тие сепак имаат висока концентрација на кислород во крвта, објаснува Др. Ворен.
Во оваа ситуација, крвта се врзува со кислородот и не дозволува да се ослободи во ткивата каде што е потребно. Ова го прави пациентот да изгледа сино.
Интересно е и тоа што лекот за оваа состојба е со сина боја. Метиленското сино го враќа исчезнатиот електрон во молекулот на хемоглобинот. Го враќа нивото на кислород и помага во ослободување на кислородот во ткивата.
Во случај на овој пациент, реакцијата била активирана од бензокаин, активната состојка која се наоѓа во лек против забоболка.
Иако ова е редок несакан ефект, постои предупредување , а ваквите лекови не треба да ги земаат деца под 2-годишна возраст.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.