Не сме под закана како Украина, но Косово и БиХ мора да бидат заштитени од НАТО



Враќањето на Трамп во Белата Куќа создава стрес и анксиозност кај европските лидери бидејќи тој е склон кон неочекувани одлуки во политиката – вели косовскиот премиер

Можниот поврат на Доналд Трамп во Белата Куќа создава стрес и анксиозност кај европските лидери бидејќи Трамп има склоност кон неочекувани одлуки во политиката, вели косовскиот премиер Албин Курти во интервју за порталот „Семафор“.

„Проблемот не е во тоа може да се случи нешто лошо, туку изненаденост од нешто непознато. Едноставно кажано, како САД ќе прави и ќе размислува, може да промени цел еден дневен ред, тоа е тоа што ги загрижува луѓето најмногу“,

вели косовскиот премиер.

Своевремено Курти имаше лоши односи со Ричард Гренел, кој беше специјален застапник на Трамп за преговорите меѓу Србија и Косово, па така, доколку Гренел повторно ја добие таа функција или било која во надворешната политика на Америка, ако Трамп победи на изборите годинава, Курти вели ќе се најде повторно предизвикан.

Меѓу другото, премиерот на Косово во интервјуто бара од европските лидери да го олеснат патот за неговата земја да стане членка на НАТО и ЕУ.

„Немаме директна закана како Украина или Молдавја од Руската Федерација, но Косово, Босна и Херцеговина, па дури и Црна Гора не се потполно безбедни. Не се плашиме, но само сме внимателни. Нашата иднина мора да биде поддржана од НАТО“,

вели Курти во интервјуто.

Тој изразува голема поддршка за САД. Прашан дали како и другите мали земји и на Косово му било тешко да се одлучи по кој пат ќе се движи, косовскиот премиер вели неговата земја одамна го направила изборот и никогаш не се предомислила.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: