Не ја фрлајте кората од бананите!

Сите ги сакаме. Вкусни се, заситуваат и ни даваат доволно енергија и вредни нутриенти како калиум, магнезиум, витамин Б6 и витамин Ц. Одлични се и како аналгетик, за здрава и убава кожа, но и за слабеење.
Кога немаме време за појадок, најлесно е да земеме една банана и сме го решиле проблемот, а сме добиле доволно вредни нутриенти за цел ден: калиум, магнезиум, витамин Б6 и витамин Ц.
Бананите се познати по тоа што ги креваат расположението и енергијата, го јакнат имунитетот и го намалуваат холестеролот. Но освен бананата, може да се искористи и кората која обично ја фрламе, а е вистинско богатство сама за себе.


Имено, кората од банана е богата со антиоксиданси и има антиејџ дејство на нашата кожа. Ја хидрира, ја храни и ја подобрува нејзината еластичност. Со секојдневно втривање на кората од банана на лицето, особено на подрачјето околу очите, ќе се измазнат брчките и ќе се намали црвенилото. Доволно е пред спиење да се истриете со кора од банана по лицето и вратот и да оставите да длеува преку ноќ или барем еден час. Секако, претходно бананите треба да се измијат. Оваа метода е многу корисна и за ублажување на симптомите на псоријазата. Два пати дневно тријте ги заболените места со кора од банана и оставете да дејствува околу пола час до 1 час.
Истото можете да го правите и ако имате проблем со брадавици. Земете парченце од кората и со фластер прицврстете го на брадавицата и оставете да стои преку ноќ. Постапката треба да се повторува сѐ додека брадавицата не исчезне.
Кората од банана е природен аналгетик кој може да ви помогне да се ослободите од одредени болки во телото. Ако се повредите или чувствувате болка од некоја друга причина, тријте го местото со кора од банана сѐ додека не почувствувате олеснување.


Истото важи и за убоди од инсекти.
Кората од банана е одлична и за избелување на забите. По миењето на забите тријте ги по 2-3 минути и ќе ја забележите разликата веќе за две недели..
Кога станува збор за слабеење пак, треба да одберете зелени банани кои содржат повеќе пробиотици од зрелите. Докажано е дека кората од зелена банана го зголемува нивото на серотонин и допамин во телото и воедно помага при слабеењето. Но со оглед на тоа што кората од зелена банана не е идеален деликатес кој би сакале секојдневно да го консумирате, можете да ја „спакувате“ во вкусно и здраво смути.
Излупете ги бананите, ставете ја кората во блендер заедно со кокосово млеко, цимет, мед или некој друг природен засладувач. Ако сакате вашето смути да има уште поголем ефект, додадете малку каенски пипер или ѓумбир и сок од лимон. На крајот ќе добиете вкусен и здрав детокс напиток.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.