Ние само набљудуваме, не се мешаме на никаков начин

Најбројната досега набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР денеска брои околу 100 тимови со по двајца набљудувачи распоредени на гласачки места низ државата кои ќе информираат за гласањето на референдумот.
Шефот на Мисијата Јан Петерсен рече дека набљудувачите се на гласачките места пред да почне гласањето и ќе бидат таму во текот на целиот ден.
– Ние само набљудуваме, не се мешаме на никаков начин, не даваме коментари, нема да даваме проценки пред нашата прес-конференција закажана за утре. Имаме 100 тимови по двајца, значи имаме 200 луѓе денеска. Имаме 10 тима на долгорочни набљудувачи кои се тука веќе повеќе од еден месец, но тоа е другиот процес на референдумот – администрација, законодавство, кампањата, ситуацијата со медиумите, но за денешниот ден имаме 100 тима, изјави Петерсен, кој набљудува на гласачко место во гимназијата „Јосип Броз“ во Скопје.
Тој уште додаде дека барале 250 набљудувачи од другите земји учеснички, но тој број зависел од нив туку од средстава на тие земји.
– Тие одлучија да не поддржат со помал број. Но, ве уверувам дека 100 тимови е адекватен број за да ги обзебедат потребните статистички материјали за нашите заклучоци кои ќе ги презентираме утре, додаде Петерсен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.