Низа земјотреси на Света Гора, најсилниот пет степени

Четири земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала, го погодија полуостровот Атос во Грција рано утрово, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот е пријавен како крајбрежен, на длабочина од пет километри, околу 10 километри јужно од манастирот Хиландар. Нема веднаш извештаи за повредени или штети. Не е издадено предупредување за цунами.

Според исказите на очевидци на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил силно почувствуван и во Неа Роди, островот Амулијани и Сарти.

Пронајдете не на следниве мрежи: