четврток, 12 ноември 2026
Најново

Низ цела Македонија минусни утрински температури

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Изутринава температури под нулата има во цела Македонија, а најниските се измерени во Берово -10 степени и во Скопје -8.
Според УХМР времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Дневните температури ќе бидат во пораст: Скопје 8 Целзиусови степени, Крива Паланка 7, Маврово 4, Охрид 8, Битола 7, Кавадарци 8, Берово 6, Дојран 12…
Под влијание на влажен бран утре попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови на Македонија. На планините врнежите ќе бидат од снег. Во недела во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
Нови врнежи се очекуваат и во понеделник во текот на ноќта, кога поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а во некои пониски места од дожд и снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка.

 

Поврзани вести