Никогаш не ги фрлајте овие кесички, тие вредат злато- ќе ви помогнат за неколку работи

Вреќичките со силика гел можат да имаат повеќенаменска примена, иако до сега сигурно повеќето од вас ненамерно ги фрлале.
Малите вреќички со силика гел ги добивате секогаш кога купувате нови чевли, торби и слично. Наместо да ги фрлате, искористете ги бидејќи тие навистина можат да ви помогнат, а еве и како.
Имено, можете да ги ставите во кутија со алат, во торба во која носите работи за теретана или торба каде го чувате вашиот фотоапарат бидејќи тие ја спречуваат насобраната влага.


Ставете неколку вреќички во ормарот каде што ги чувате крпите, во ќесата за украси за елката бидејќи така ќе изгледаат како да се нови.
Држете ги покрај ветробранското стакло и така ќе спречите негово замаглување, ставете ги во несесерот со шминки за тие да останат свежи, држете ги во фотоалбумот за фотографиите да изгледаат како нови. Држете ги во близина на смеките кои сакате да ги посадите за да останат свежи.
Решете се од лошиот мирис на старите книги така што во книгите ќе ставите вреќички од овие пакувања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.