НИКОГАШ НЕ СТЕ СЛУШНАЛЕ ЗА ВАКВО ИМЕ: Нема да верувате како овој човек си го крстил својот син

Еден Индонезиец толку многу си ја сака работата што го крстил синот по неа. Неговиот петмесечен син се вика Канцеларија за статистички информации.
Уште пред да се ожени, Самет Вахјуди знаел дека ако некогаш има син, сака да го именува по одделот во кој работи како државен службеник.
Ова многу јасно и било укажано на вереницата пред свадбата, а таа го прифатила неговиот услов.
Двојката прво добила девојче, па Самет се согласил да и даде конвенционално име, но кога зимава добиле син, тој веднаш знаел како сака да го вика – Канцеларија за статистички информации.
Индонезиските медиуми објавија за необичното име на детето на почетокот на овој месец, откако ја проверија базата на податоци.
На прашањето што ќе мисли неговиот син за неговото име кога ќе порасне, тој рече дека е сигурен дека момчето ќе се навикне. Сопругата на Самет, Линда, веднаш го прифати името, но нејзините родители имаа забелешки, но кога слушнаа за нивниот предбрачен договор, го прифатија и тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.