Само што го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, 38-годишниот Никола Карабатиќ се соочи со лоши вести, кои ќе го спречат да игра ракомет, веројатно, до крајот на тековнава сезона.
Од таборот на ПСЖ јавуваат дека нивната прва ѕвезда има флебитис на десната нога (воспаление на вените), поради што забрането му е да има висок физички напор, барем, три месеци.
Тоа значи дека Карабатиќ ќе ја пропушти целата сезона во Франција и нема да може да му помогне на ПСЖ во борбата за титулата во Лига 1 и за пехарот во Купот на Франција.