Николовски по една полусезона се врати во Брегалница

Анџело Николовски, екс-младинскиот репрезентативец на Македонија после само една полусезона откако замина од Штип и играше во Гостивар се врати во Брегалница и е третото зимско засилување за овој тим.

Николовски е дете на Брегалница, потекнува од младинската школа на овој тим, а играше и за пехчевски Кит Го, па летоска замина од Брегалница и потпиша за Гостивар, но после само полусезона се раздели со второлигашот и се врати во матичниот тим.

Тој е фудбалер кој може да одговори на двете странични позиции во дефанзива, а ги мина сите младински селекции на Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.