Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, потврдено и од меѓународните медиуми. Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 отсто споредбено со истиот период минатата година, вели министерот за транспорт Александар Николоски.
„Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 отсто споредбено со истиот период минатата година. За оваа година од понудените преку 390 илјади нови седишта, заради влијанието на конфликтот на Блискиот Исток има намалување за околу 6 илјади седишта, но и покрај ова останува високо рангиран во регинот и во овој сегмент“, пишува Николоски на Фејсбук повикувајќи се на специјализираниот авио портал „EX-YU Aviation News“.
Според него, во првите месеци од годинава, македонските аеродроми бележат раст од 30 отсто по број на патници и околу 20 отсто по број на операции, што ги потврдува политиките на Владата за развој на авиосообраќајот во Македонија.
„Само од почетокот на оваа година се водедоа нови авиолинии од Скопје кон Неапол и Будимпешта, односно од Охрид кон Милано и Братислава. Дополнително, во текот на месец јули од Охрид започнува да оперираат линиите кон Катовице и Вроцлав, а од Скопје кон Палермо и Алгеро, со што за речиси две години од работа на оваа Влада, се воведоа 24 нови авиолинии кон европските центри, што е рекордна бројка на ново воспоставени авиолинии“, рече Николоски.
Тој вели дека развојот на авиособраќајот останува меѓу приоритетите на Министерството за транспорт и тоа, што според него, со реализација на проектот за реконструкција, надградба и проширување на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.
Очекува оваа година да се надмине бројот на патници од 3,5 милиони, а во следната година да достигне и до 4 милиони патници.



