Николоски бил на тајна средба во Мала Речица да нуди коалиција, се подготувало членството по општински за уставни измени по избори – Еве зошто Мицкоски се плаши од Груевски

Импресивно е од страна да се гледа и набљудува опсесијата со која се обземени Мицковски и Заев, со нивниот страв и ноќната мора Никола Груевски.

Импресивно е да се набљудува колкава енергија, трошат овие два лика за да случајно не им се случи враќање на Никола Груевски во Македонија.

Ако за Заев колку и да е тој стран неоправдан, барем можеме да го разбереме, се плаши од можен реваншизам за политичкиот прогон направен кон Груевски, за Христијан Мицкоски веројатно причина е личниот срам. Срам бидејќи шест години “со малиот прст” не мрдна да му помогне на Груевски кога тој се најде во немилост на Заев. И не само што не му помогна туку напротив стана соработник на Заев во заевата борба против човекот со кој кога Мицкоски ќе се поздравеше три дена не ги миеше рацете.

Доколку не беше Груевски Мицкоски немаше да се профилира ниту во бизнис водите со хидроцентрали, ниту ќе станеше советник на премиер, а уште помалку директор на ЕЛЕМ, член на ИК на во тоа време владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во која спорно е дали воопшто бил член претходно, а ако некој му спомнеше дека ќе стане генерален секретар или претседател на партијата веројатно ќе сметаше дека тој кој му го вели ова се подбива со него.

Денес Мицкоски доаѓајќи од овие позиции се подготвува за премиер, пресреќен што лично го нападнал Груевски бидејќи во неговиот искривен морален свет, тој смета дека тоа го прави посилен, помоќен, не приметувајќи дека всушност тоа ја уништува неговата позиција во партијата и помеѓу гласачите. Сепак Мицкоски оди со макијавелистички пристап во кој прави се за да се докопа до власт и да собере повеќе пари, газејќи се пред себе.

Во партијата велат дека Мицкоски и неколку негови приврзаници кои пораснаа во шинелот на Груевски, како на пример Александар Николовски, секојдневно си честитаат за нивните чекори против човекот кој ги создаде и му должат се во политиката, а и многу во животот, а кого штом го видоа во немилост и ранет му го свртеа грбот.

Тие не само што не сакаат со било што да му помогнат туку активно и агресивно работат да никогаш повеќе не биде во нивна близина поблиску од 800 км далечина, освен при нивните патувања на кои гордо се фалат и раскажуваат дека биле во Будимпешта и дека не се сретнале со него. Браво!

Нормално како и секој не човек и тие си имаат изградено наратив дека со право и дека нивните постапки се исправни, мудри и морални. Но да не заборавиме дека и фашистичка Германија, Италија, Јапонија, Бугарија и други нивни сојузници во втората светска војна имаа перфектно создаден наратив дека водат правична војна, дека вината за војната е на другата страна, но целиот свет виде како заврши сето тоа.

Сакам да кажам дека лесно е кога имаш некаква политичка моќ да направиш некаков наратив и оправданост на постапките кој ќе биде одобрен од клиентелистите околу тебе, иако не е базиран на моралните принципи.

Од информациите од штабот на партијата, дознаваме дека овие луѓе во врвот на партијата секојдневно меѓусебно се хушкаат, се оправдуваат и си разменуваат оправдувачка енергија и квази аргументи помеѓу нив самите, а уште 2-3 илјади клиентелисти од поширокиот тим активисти кои чекаат да добијат функции им климаат со главата, некои и гласно ги подржуваат и ги оправдуваат, им прават лице за да им се допаднат со цел да ја добијат посакуваната функција по изборите, и се подготвени сѐ да направат за тоа. Што мислат во себе е друго.

Тешко е да бидеше во кондурите на Мицкоски, а да не завршиш во институција. Еве зошто…

Како прво, за да дојде до власт, моќ и повеќе пари води патриотска кампања за неменување на уставот, а знае дека ако стане премиер ќе го смени бидејќи веќе дал цврсти ветувања кај преставниците на меѓународната заедница плус минатата година од околу или некаде по директно и на своите активисти по општинските комитети им го најави тоа.

Како второ, стана сојузник и планира заедничка влада со СДСМ под патрон на оној кој правеше политички прогон врз повеќе од 3 илјади членови на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Груевски и неколку стотини негови соработници, Зоран Заев.

Значи не само што е против Груевски за кој самиот пред 5 години јавно тврдеше дека тоа што на Груевски му се прави е политички прогон, туку и стана сојузник на Заев, со кого по изборите треба да смислат наратив зошто мора да има влада на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со неколку помали албански партии.

Трето, Мицкоски на тие прогонети помага строго селективно, токму на оние од кои или има личен бизнис интерес или кои по нешто му се допаѓаат и кои по 6-7 години тортура на Заев преку судовите, му личат доволно уништени за да евентуално му се некаква политичка опасност а тоа се многу мал број луѓе. Во тие напори му помага и Заев, па така оној кој им ги уништи животите на крајот се преставува како нивен спасител.

Другите “пуштени низ вода”, со платени медиуми да работат против нив, а најмногу против Груевски, со охрабрување и дури притисок од него врз Зоран Заев преку неговата финасиска и политичка моќ врз судството, медиумите и СДСМ за што повеќе да ги оцрнат и заглават.

Четврто, секојдневно го напаѓа ДУИ веќе скоро две години како заедничка стратегија со Заев, а летово го пуштил Александар Николовски да оди на тајна средба со Ахмети и да му понуди ако има предвремњни избори во октомври спремни се по изборите да направат коалиција со ДУИ, што Ахмети го одбил. На крајот ако нема друга математика ќе направи коалиција со ДУИ, и ќе се оправдува дека морал така да постапи за да направи влада и да ја “спасува” Македонија.

Којзнае дали знае дека ваков неморал во политиката е веќе видено низ историјата, и секогаш изгледало успешно еден период, се додека не дошол крајот, за кој крај Мицкоски сега не сака ни да размислува ниту пак има капацитет за тоа.

Тој и сега не сваќа дека краен неморал е што во 2019 година кога се уште не беше под контрола на Заев едно зборуваше за прогонетите, односно дека се под политички прогон и дека се ќе падне еден ден, при тоа посочувајќи дека случаите ќе паднат на судот во Стразбург и дека судиите се слуги на Заев, а пред една недела им се закани на истите судиите во врховниот суд дека ако го прифатат тоа што тој суд во Стразбург самиот кажа дека ќе го прифати, ќе сносат одговорност и последици.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.