Решаваме уште еден важен проблем во изградбата на автопатот Охрид-Кичево. Станува збор за пуштање во употреба на обиколницата „Подмоље“, која ги поврзува Охрид и Струга, но и две земји, Македонија и Албанија. А ова беше еден од проблемите наследени од минатото, нагласи денес вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.„И ова беше еден од проблемите наследени од минатото бидејќи претходната влада не направи ништо во реализацијата на овој проект. И она малку што го направија, го згрешија, па затоа решија да ја урнат оваа раскрсница без да ги решат имотно-правните односи, без да ја решат експропријацијата, а раскрсницата се рушеше со години, без можност да се обнови и да се стави во функција“, рече Николоски, кој учествуваше во увид на градежните активности заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП „Патишта на Македонија“, Коце Трајановски.Со промената на власта и формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски, како што нагласи, ова беше решено, ги решивме имотно-правните односи, ги решивме сите административни проблеми што нè кочеа.„И веќе е во функција од денес, што значи многу побрз проток на луѓе и патници од Струга и соседна Албанија до Скопје, но и многу побезбеден сообраќај, бидејќи ова беше точка каде што во минатото имаше навистина големи проблеми“, рече Николоски.Во врска со динамиката на изградбата на патиштата, Николоски рече дека работат посветено.
Пронајдете не на следниве мрежи:



