четврток, 12 ноември 2026
Најново

Николоски: Отворени се 22 нови рути што ја поврзуваат Македонија со цела Европа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Отворени се 22 нови рути што ја поврзуваат Македонија со цела Европа, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во објава на социјалните мрежи, споделувајќи мапа со нови авиокомпании поставени кон Европа од два домашни аеродроми од 2024 до 2026 година.

Николоски, во објава на Фејсбук, нагласува дека воздушниот сообраќај во земјава се развива силно.

„Аеродромите во земјата со поголем број патници стануваат лидери во регионот. Ќе продолжиме и во наредниот период со уште повеќе активности насочени кон зајакнување на воздушниот сообраќај“, напиша вицепремиерот Николоски.

Поврзани вести