четврток, 12 ноември 2026
Најново

Николоски: Реконструкцијата на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе започне следната недела

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Следната недела ќе започне реконструкцијата на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, прва по неговата изградба, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Според Николовски, преземени се активности и аеродромот е легализиран, што, нагласува тој, бил тежок процес.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Реконструкцијата ќе биде прва од ваков вид од нејзината изградба. До неодамна, тоа беше нелегален објект, го имавме пред нас, но го немаше на хартија. Успеваме да го легализираме, што е штета за државата што еден од двата аеродроми го нема на хартија. Беше тежок процес бидејќи мора да се регистрира целата инфраструктура.

„Но, тоа е завршено, а потоа следува реконструкцијата што ќе донесе повеќе летови и патници и очекувам туристичкиот дел да биде насочен таму, а деловниот дел да дојде во Скопско“, изјави вицепремиерот Николоски.

Николоски, исто така, потсети дека се работи на договор за воздушен сообраќај со Саудиска Арабија и дека очекува да се воспостави директна линија меѓу двете земји.

Поврзани вести