Ница го шокира Марсеј на „Велодром“ (ВИДЕО)

Олимпик Марсеј вечерва ги разочара своите навивачи, откако на „Велодром“ беше поразен со 1-3 од Ница во 22. коло од француската Лига 1.

Ница во завршницата на првото полувреме преку Диоп и Лаборд поведе со 2-0, а надежта на домаќините ја врати Малиновски со погодок дури во 60. минута.

Марсеј имаше 30 минути за да се спаси од пораз и постојано го напаѓаше голот на Ница, меѓутоа не најде начин како да го матира Шмајхел, а казната пристигна преку Брахими во 85. минута.

Пронајдете не на следниве мрежи: