сабота, 28 ноември 2026
Најново

Ништо од продажбата на ТикТок, започнува партнерството со мултинационалниот гигант

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кинеската компанија ByteDance, сопственик на популарната апликација TikTok, го извести Мајкрософт дека нема да и го продаде својот американски бизнис.

Наместо тоа, како што пренесуваат светските медиуми, договорено е партнерство со корпорацијата Oracle .

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– ByteDance не информираше дека нема да ги продава американските операции на TikTok на Microsoft. Убедени сме дека нашиот предлог беше добар за корисниците на  TikTok  и заштитата на интересите на националната безбедност “, се вели во соопштението на„ Мајкрософт “

ByteDance се откажа од продажба на TikTok во САД, а добро информиран извор изјави за Ројтерс дека кинеската компанија се согласила да соработува со Oracle   за да се избегне забрана за деловно работење во САД.

Договорено е Oracle да биде технолошки партнер на ByteDance и да го преземе управувањето со податоците за корисниците на TikTok во САД.

Поврзани вести