четврток, 12 ноември 2026
Најново

НЛБ Банка АД Скопје по третпат прогласена за најдобра банка во земјава на Europe Banking Awards

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Трета година по ред НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во земјата од финансискиот магазин ЕМЕА.
НЛБ Банка АД Скопје е дел од НЛБ групацијата и се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во нашата земја. Со остварена нето добивка од 34,5 милиони евра во 2018 година, што се должи на континуирани продажни активности со особен фокус кон населението, микро, малите и средни претпријатија, засилен финансиски сервис за корпоративните клиенти и на значајните инвестиции во електронските сервиси.
Инвестициите во дигитализацијата и новите технологии, подобрениот квалитет на средствата и посветеноста на сите вработени ја водат НЛБ Банка кон остварување на извонредни финансиски резултати. Банката постојано добива признанија за своите резултати и постигнувања, и континуирано е препознаена како најнаградувана банка.

 

Поврзани вести