петок, 27 ноември 2026
Најново

Новата влада ќе ја разгледа можноста за враќање на цената на електричната енергија, дури и за намалување, вели Мицкоски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај




ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски денеска изјави дека по формирање на новата влада ќе биде разгледана можноста за враќање на цената на електричната енергија, дури и за нејзино намалување.

-Ние веднаш по формирањето на владата ќе седнеме ќе ги видиме законските можности кои ни стојат на располагање, ќе ги поканиме и експертите на една дебата и дискусија за враќање на цената на електричната енергија, односно да ја разгледаме и можноста дури и за намалување, рече Мицкоски кој беше на одбележувањето на почетокот на работата на вториот производствен погон на фабриката Киел Македонија во ТИРЗ Тетово.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со цената на струјата, Мицкоски информираше дека следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план како да го направи и намалувањето на цената на струјата.

-Имаме план, имаме начин како тоа во периодот што следи да го направиме така што граѓаните треба да бидат спокојни доаѓа влада која ќе се грижи за стандардот на граѓаните, изјави Мицкоски. 

– Реклама –








Поврзани вести