Нова амбасадорка во Македонија е Кејт Мари Брнс, потврди Сенатот на САД

На вчерашното гласање кое е објавено на официјлната веб страна на Конгресот Сенатот на САД ја потврди Кејт Мари Брнс за нова амбасадорка во Македонија. Брнс e дипломат од кариера и досега беше заменик шеф на мисијата на САД во Атина, каде што дојде во септември 2017. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.
Сè уште не е познато кога новата амбасадорка на САД ќе дојде на должноста во амбасадата во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.