СДСМ денеска објави нова бомба за тендер од 1,2 милиони евра што го добила фирма блиска на ЗНАМ.
Доказите, изјави денеска Рената Младеновска, се добиени од свиркачи преку платформата МИЦКО.мк.
– Фирмата БС Клининг увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, основана на 10 јули 2024 година, добила тендер во вредност од 1,2 милиони евра од Пошта на Северна Македонија.
Договор што го склучила е за чистење и одржување на хигиена. Фирма без работници, без претходно реализирани договори, без искуство. Во моментот на аплицирање, оваа фирма не ги исполнувала основните услови наведени во тендерската документација. Немала минимум три претходни договори за хигиенско одржување, немала најмалку 50 вработени, не остварувала годишен приход од најмалку 100.000 евра во последните три години. Па дури и немале техничка опрема. И покрај овие недостатоци, фирмата сепак била избрана, рече Младеновска денеска на прес-конференција.
На групната понуда, вели Младеновска, се појавила фирмата „Серта“ како подизведувач.
Дваесетина дена откако фирмата го добива милионскиот тендер од Пошти, на 24 ноември 2025 година, нов сопственик станува Сашо Петровски.
– Како фирмата да била основана исклучиво за да го добие тендерот. Сопственикот се менува непосредно по изборот на тендерот. Но, извесен Сашо Петровски е советник од ЗНАМ во Општина Кисела Вода. Дали е истото лице што мислите? Фирма поврзата со ЗНАМ, вели Младеновска.


