Нова минијатура на Бејл, Тотенхем го победи Вест Хем

Фудбалерите на Вест Хем и Тотенхем, со фантастичен натпревар го комплетираа 27.коло во англиската Премиер лига.Победата на „Аптон Парк“ ја однесоа играчите на Тотенхем, кои предводени од брилијантниот Герет Бејл триумфираа со 3:2.Репрезентативецот на Велс, постигна два гола, со кои само потврди дека во моментов е еден од најдобрите играчи на светот.Бејл првиот гол го постигна во 13.минута, кога ја искористи грешката на одбраната на Вест Хем и со одмерен удар го совлада Јаскелаинен.Домашниот тим со погодоците на Керол од пенал и Џо Кол направи целосен пресврт. резервистот Сигурдсон израмни на 2:2 на 15 минути до крајот на мечот, а домашните играчи и навивачи ги шокира.Бејл со прекрасен погодок во последната минута од натпреварот. Велшанецот веќе има постигнато 15 голови оваа сезона.Тотенхем со оваа победа го мина Челзи на третото место на табелата, екипата на Вилас-Боаш има 51 бод, два повеќе од Челзи.Во следното коло во севернолондонското дерби, Тотенхем ќе го пречека Арсенал.
МакфаксФудбалерите на Вест Хем и Тотенхем, со фантастичен натпревар го комплетираа 27.коло во англиската Премиер лига.

Пронајдете не на следниве мрежи: