Нова средба за решавање на идниот статус на СЈО

Денес работните тимови на власта и на опозицијата ќе одржат нова средба во обид да се постигне согласност за Законот за Јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на СЈО. Средбата е закажана за 18 часот во Министерството за правда.
Иако инсистираат на своите ставови, двете страни велат дека разговорите не се пропаднати. Во меѓувреме, се одвиваат консултации за Законот и со помалите парламентарни политички партии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.