Видеото од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи!Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, секогаш е придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаа.
pic.twitter.com/ZZEk0adJKc— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
По зачешлувањето на косата, Ердоган му го предаде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкаја, насмеан.Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од основањето на Уставниот суд.