Нова цена на горивата утре- Не чека ли поскапување

Регулаторната комисија за енергетика минатиот понеделник ја соопшти својата одлука во врска со цените на горивата.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намали за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се сменија, односно останаа на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит.


Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намали за 1,00 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 0,085 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,694 ден/кг.
Утре не чека нова цена на горивата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.