Нова членка на НАТО: Американско нуклеарно оружје? Нема потреба

Финскиот премиер Петери Орпо денеска изјави дека американското нуклеарно оружје нема да биде распоредено на територијата на таа земја.

„Нема потреба од тоа. Нуклеарното оружје се дистрибуира меѓу неколку членки на Алијансата и тоа е доволно“, изјави Орпо во интервју за полскиот весник „Речпосполита“.

Тој изјави дека Финска „внимателно се подготвува за своите задачи како нова членка на НАТО“ и дека учествува во одвраќањето „користејќи конвенционално оружје“.

Соединетите Американски Држави досега распоредија нуклеарно оружје во Белгија, Германија, Италија, Холандија и Турција како дел од програмата „Нукеларно споделување“.

Финска стана членка на Алијансата во април минатата година, откако поднесе барање за прием заедно со Шведска.

Шведска се уште не станала членка на НАТО бидејќи нејзиното барање не е ратификувано од унгарскиот парламент, што е неопходно бидејќи за прифаќање на нова членка потребна е согласност од сите членки.

Пронајдете не на следниве мрежи: