Почина управителот на фирмата на дискотеката „Пулс“ во Кочани. Александар Карадаковски, кој според некои неофицијални информации, работел како шанкер во диско клубот, беше тешко повреден во пожарот.
Тој беше однесен на лекување во Литванија, каде што и починал во тамошната болница.
Карадакоски е 60-та жртва на пожарот во „Пулс“.
Според последните информации од Министерството за здравство, во странските медицински центри се третираат 80 пациенти, од кои двајца се третираат амбулантски.
На Клиниката за пластична хирургија е примен пациент кој е вратен од Грција и по неопходните испитувања ќе биде пуштен на домашно лекување. На оваа Клиника се хоспитализирани тројца пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 3 пациенти, а во Хируршката клиника „Свети Наум Охридски“ остануваат 6 пациенти кои се хоспитализирани на одделение.
На Клиниката за пулмологија се хоспитализирани двајца пациени, додека во приватните установи останува непроменета состојбата со бројот на хоспитализирани пациенти.