Новиот дечко на Луна Џогани претходно бил во врска со нејзината мајка Анабела

Блогерката Луна Џогани сега е во емотивна врска со диџејот Марко Миљковиќ, а во минатото наводно според пишувањата на пинк.рс за малку ќе бил во врска со нејзината мајка, Анабела Атијас.
Имено, Анабела наводно во 2010 година после излегувањето од „Големиот Брат“ одлучил тогашниот избраник Младен Радуловиќ да го направи љубоморен така што ќе се зближи со Миљковиќ. На овој гест се одлучила затоа што Радуловиќ, наводно, покажувал симпатии спрема Ена Попов.

Младен продолжи да го одржува контактот со Ена и по завршувањето на реалити шоуто. Се слушнаа неколку пати, а излегоа и на кафе. Кога за тоа дозна Анабела спреми пеколен план за да му се освети на Радуловиќ. Како оружје за одмазда го искористи Марко кој инаку и е поранешен дечко на Ена. Преку заеднички пријател му порача дека е убав и сладок. Штом слушна Миљковиќ веднаш почна да ја мува Анабела и да и праќа пораки. Беа и на состанок, а не е познато како завршил истиот. Откако Младен дозна за ова и забрани на Анабела да комуницира со Марко и така заврши се, открил извор за пинк,рс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.