Новиот Клинички центар во Ѓорче Петров ќе чини меѓу 430 и 480 милиони евра

Новиот Клинички центар би требало да почне да се гради до крајот на годината и ќе чини меѓу 430 и 480 милиони евра. Се бара начин на кредитирање со Министерството за финансии и со странски банки. Физибилити студија е веќе изготвена и во наредните неколку недели ќе има информација како ќе се финансира изградбата на Клиничкиот центар, вели министерот за здравство Венко Филипче.
“Владата на вчерашната седница ја донесе одлуката за локацијата за новиот клинички центар и таа ќе биде во Ѓорче Петров. Во Министерството за здравство беше формирана мултисекторска група, која ги спореди локациите во Ѓорче Петров, Злокуќани и во Петровец, кои што стигнаа како иницијативи, дополнително на оваа веќе утврдена локација во Генералниот урбанистички план во Злокуќани. Се разви методологија и се одлучи заради брзината за обезбедување на потребната документацијата за изградба и заради цената. Во Злокуќани околу 49 до 50 отсто од земјиштето е веќе изградено и експропријацијата на земјиштето ќе чинеше околу 100 милиони евра, што сметам дека е неприфатливо“, изјави Филипче.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.