Застрашувачки тренд, инспириран од серијата „Stranger Things“ и нејзиниот озлогласен негативец Векна, го освои TikTok. Корисниците ширум светот се снимени како изведуваат вознемирувачки движења што потсетуваат на жртвите на чудовиштето, придружени со позната песна од 1950-тите.
Кој е Векна?
За оние кои не се запознаени со приказната, Векна, игран од актерот Џејми Кембел Бауер, е монструозно суштество. Препознатлив е по застрашувачкиот начин на кој ги убива своите жртви, ставајќи ги нивните тела во неприродни и морничави пози.
Темна позадина на популарна песна
Корисниците на TikTok го поврзаа овој концепт со песната „Mr. Sandman“ од The Chordettes. Иако е стара и навидум безопасна мелодија, со години се користи во хорор филмовите за да се зголеми чувството на напнатост. Песната се појавува и за време на завршните одјавници од втората епизода од петтата сезона на серијата. Иако текстот на песната изгледа невин, идејата за Sandman што доаѓа во соништата добива многу потемна нијанса кога се поврзува со ликот на Веkна.
Како изгледа предизвикот?
Како дел од овој тренд, учесниците обично ја снимаат само својата рака, која ја свиткуваат под необични агли, создавајќи илузија дека Вечна ги „презела“. Предизвикот е особено популарен кај луѓето со хипермобилни зглобови, додека некои одат чекор понатаму и го користат целото тело за да го рекреираат овој вознемирувачки ефект.
The post Новиот тренд на TikTok не може да биде поморничав: Го имитираат демонот од култната серија, бизарноста ви го превртува стомакот (ВИДЕО) appeared first on Во Центар.



