Здруженијата очајно се обидуваат да ги убедат европските власти дека новите шенгенски прописи се неприменливи за професионалните возачи од трети земји. Тие стравуваат дека возачите и нивната стока би можеле масовно да бидат одбиени на границите во иднина.
Новите шенген правила за влез и излез би можеле целосно да го запрат товарниот сообраќај со Европската Унија од април, алармираат транспортните здруженија од Западен Балкан.
Тие предупредуваат на претстојниот колапс на синџирите на снабдување, пишува австриски Космо.
Најавуваат дека ако до 15 јануари нема позитивни сигнали што укажуваат на решение пред критичниот 10 април, ќе ги блокираат товарните терминали на граничните премини.
Со месеци, здруженијата очајно се обидуваат да ги убедат европските власти дека новите шенгенски прописи се неприменливи за професионалните возачи од трети земји. Тие стравуваат дека возачите и нивната стока би можеле масовно да бидат одбиени на границите во иднина.
-Со години се обраќаме до Европската комисија, особено интензивно во текот на изминатата година. Исто така, ги испраќаме сите наши предупредувачки писма до локалните власти за да ги информираме за нашите напори и да ја добиеме нивната поддршка- објаснува Неѓо Мандиќ, претседател на Здружението за меѓународен транспорт.
Неодамнешното предупредување потпишано во Бјелина беше проследено до Европската комисија, амбасадорите на сите земји од Шенген зоната во Белград и Сараево, како и до надлежните институции во двете земји.
Пронајдете не на следниве мрежи:



