Нови „бомби“ на интернет: овој пат за Мицкоски и Кичеец

Нови „бомби“ на интернет: овој пат за Мицкоски и Кичеец. На Јутјуб каналот (Facts and Figures) се појавија четири аудиоснимки. Подолу можете да ги чуете.

Според содржината на разговорите, се добива впечаток дека нивната соработка е од претходно, а Кичевец нагласува дека сè што било побарано од него, тој го извршил без многу разговори наоколу.

„Јас, претседателе, сум човек извршител. Таков сум, кога ќе ми дадете задача, јас ја завршувам“ – зборува во разговорите Кичевец.

На ова Мицковски се надоврзува. Вели дека тој сакал директна комуникација со Милески, а не преку други. „Јас и ти мислам дека треба да имаме директна комуникација. А не преку Петко, Трајко, Станко… И сè што договараме треба јас и ти да договараме“

Од разговорите може да се заклучи дека Мицкоски и Кичеец соработувале и претходно, а Кичеец за себе вели дека е само добар извршител.

Се бара казна за полицијата, итна владина седница за собирот во Струга

Кичевец денеска ја потврдил автентичноста на разговорите. Генералниот секретар на СДС денеска изјави:  „Вистината денеска силно излезе на виделина, граѓаните на крајот  дознаваат се. Потопени се сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ, кои упорно, една година се пласираат од скапиот бел дворец, за случајот познат како „Рекет“. Граѓаните денеска слушнаа како Христијан Мицкоски имал средби, разговори и директна соработка со Зоран Милески-Кичеец, сега веќе осудено лице во случајот познат како „Рекет“. Мицкоски  ја лажеше целокупната и  целата јавност дека немал никакви средби со Зоран Милески. Мицкоски и Кичеец, активно и директно комуницирале, очи в очи, на средби но и преку телефон. Кичеец бил извршител на Мицкоски и одбработувал за ВМРО-ДПМНЕ. Активно ја помагал ВМРО-ДПМНЕ и работел  во функција на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски го ангажира Кичеец во изборни цели за претседателските и локалните избори во Охрид во 2019 година“.

Кичевец е на слобода, дал гаранција од 240.000 евра

Да потсетиме Мицкоски претходно во неколку наврати изјавуваше дека немал контакти со Кичевец.

Од ВМРО-ДПМНЕ снимките ги оценија како „лов во матно“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.