Нови детали: Арсовска и вработенеите биле нападнати пред очите на полицајци – Им се заканувале со силување и убиство!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со вработени во Градот и советник од Советот на Град Скопје денеска беа физички нападнати при увид на дивоградба на Чаир.

Дивоградбата се наоѓа во близина на полициската станица Бит пазар, а на терен заедно со градоначалничката биле советник од Советот на Град Скопје, секретарот на Град Скопје, раководител на сектор и службени лица од секторот за урбанизам, како и инспектори од Град Скопје.

Како што дознава Инфомакс нападот се случил пред очите на полициски службеници, а на тоа претходеле и вербални закани по живот, закани за силување, семејствата и децата на екипата на Град Скопје.

Повеќе детали очекувајте на Инфомакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: