Нови инструменти за мерни станици за загадувањето – догодина

Заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули информираше дека со Планот за чист воздух кој се справува со загадувачите се предвидува во 2019. година да се набават комплетно нови инструменти за веќе постоечките 18 мерни станици. Во мониторингот ќе има предвидување во реално време, односно тридневна проекција на загадувањето.
– Во 2019 година со буџетските алокации и со помошта што ќе ја добиеме од европските партнери, дел набавката на комплетно нови инструменти ќе биде направена брзо на почетокот на 2019 година. Не сакаме ради нецелосниот квалитет на инструментот да направиме проблем. Сакам да кажам дека во една мерна станица има пет или шест различни инструменти, се мерат ПМ2,5 честички, ПМ10, озон, сулфур диоксид и јаглерод. Останува наша обврска до тогаш, можеби со соседните земји, преку нашите колеги од другите министерства, да најдеме можеби времено решение, а новата набавка ќе се случи на почетокот на 2019 година – рече Макрадули.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.