Денес треба да бидат познати новите цени на горивата што ќе ги донесе Регулаторната комисија за енергетика. Владата вчера ја продолжи мерката за намалена акциза на горивата до 15 јуни, а договорен е и дополнителен попуст од два денари за литар со рафинеријата Окта.
Очекувањата на Владата се дека цената на дизелот ќе се намали за 6,5 денари за литар, а на бензините од 1,5 денари за литар.
– Ова претставува конкретна и директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и стопанството во целина. Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици, велат од Владата.
Премиерот Христијан Мицкоски викендов изјави дека очекува стабилизирање на цените на горивата и уште еднаш повтори дека земјава има најниска цена на горивата.
The post Нови цени на горивата – Владата очекува поевтинување appeared first on Provereno.



