Новороденчето може да ги промени мозокот и телото на таткото

Кога се чека принова во семејството, од жените се очекува да минуваат низ психички и физички промени, но не и од мажите. Меѓутоа, повеќе нови истражувања покажуваат дека мажите, исто така, се подложни на хормонални промени и промени во однесувањето кога добиваат дете. Кои се тие промени?
Новороденчето може да го промени мозокот и телото на таткото
Пад на нивото на тестостерон
Тестостеронот е хормон кој ги мотивира мажите да најдат партнерка за да се размножуваат. Според неколку истражувања, мажите кои имаат повисоко ниво на тестостерон се попривлечни за жените. Но, научниците забележале дека нивото на тестостерон се намалува за дури 34% кај мажите кои штотуку станале татковци. Експертите претпоставуваат дека ова се случува како последица на промената која ја доживува мажот. Имено, тие потсвесно започнуваат да се фокусираат на семејството и детето наместо на задоволување на инстинктот да бараат партнерка.
Пораст на нивото на окситоцин

Окситоцинот е хормон кој се поврзува со релаксирањето, љубовта, позитивните емоции и врските помеѓу луѓето. Кај мајките, тој природно се зголемува за време на бременоста и по раѓањето, но научниците покажале дека нивото на окситоцин се качува и кај татковците, особено кај оние кои почесто играле со своите деца.
Промени во мозокот
Науката вели дека машките мозоци се менуваат со доаѓањето на новиот член на семејството. Се менуваат регионите во мозокот кои играат улога во приврзувањето, емпатијата и способноста за комуницирање. Овие региони биле најактивни помеѓу 12-тата и 16-тата недела од бременоста. Според научниците, овие промени покажуваат дека татковците ги развиваат потребните вештини за време на бременоста на нивната партнерка. На овој начин, тие потсвесно се обидуваат да се поврзат со детето.
Тие може да имаат постнатална депресија
Постнаталната депресија е состојба која се јавува кај жените за време на бременоста и после неа. Симптомите се тага, чувство на безнадежност, анксиозност и нервоза. Но, анкетите покажуваат дека околу 10% од мажите, исто така, чувствуваат постнатална депресија. Ова може да биде поврзано со пониското ниво на тестостерон кај мажите кои се нови татковци. Според едно истражување, жените со партнери кои имаат пониско ниво на тестостерон имаат послаби симптоми на постнатална депресија. Тоа посочува дека партнерите со пониско ниво на тестостерон им даваат поголема поддршка на своите партнерки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.