Ново детално видео за терористичкиот напад во Куманово од мај 2015, не пропуштајте

Деновиве на јутјуб се појави мошне значаен видео запис за терористичките напади во Куманово од пред три години. Еве како тогаш известуваа медиумите за овој настан: Извршен е терористички напад во Куманово“, рече помошникот министер за внатрешни работи Иво Котевски. Тој додаде дека полицијата утрово започнала акција против вооружена група која имала за цел да организира напад врз државни институции. Според него, станува збор за добро вооружена група која извршила напад од автоматско оружје и со бомби. „Граѓаните да останат мирни и да не наседнуваат на провокација“, рече Котевски. Тој додаде дека акцијата започнала рано утрото и дека полицајците напредуваат тактички бидејќи станува збор за населен дел на градот и дека мора да се вршат претреси во објектите, за евентуално откривање на вооружени лица.

Медиумите тогаш известија дека терористите сакале истовремено да нападнат пет полициски станици. Синхронизиран напад на пет полициски станици. Зајас, Кичево, Гостивар, Тетово и Куманово. Ова била целта на терористите. Според сведоштвата некои од повредените полицајци одбивале да бидат повлечени од битката и останале да се борат, а оние кои биле однесени во болниците откако им била укажана помош инсистирале да се вратат и да им се придружат повторно на своите колеги.
Полицајците велат дека се високо мотивирани и дека не може ништо д аги поколеба кога е во прашање Македонија. Терористичката група како што дознаваме планирала и напад на цивилни објекти и предизвикување на огромна штета со цел привлекување на внимание и сеење страв меѓу населението. Потенцијално жариште во Република Македонија биле училишта, градинки, пазари, масовни спортски настани, трговски центри, прометни улици. Под закана биле и државни институции и објекти. Сузбивањето на терористичката група практично спаси многу цивилни жртви и недолжни граѓани. Погледнете го видеото и ќе се потсетите на жтрвата што е дадена за да ја сочуваме унитарноста на државата. Погледнете:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.