Нов американски удар на кинескиот ,,џин!”По санкциите за Huawei, САД отидоа чекор понатаму: „Ги откажавме извозните дозволи“

Американската влада соопшти дека укина некои лиценци кои им дозволуваа на американските производители на чипови да извезуваат одредени стоки во кинескиот технолошки гигант Huawei.Одделот за трговија не прецизираше кои лиценци се одземени, но потегот дојде откако Huawei објави компјутер со вештачка интелигенција напојуван од чип создаден од Интел.„Укинавме одредени дозволи за извоз на Huawei“, соопшти Министерството за трговија во вторникот, но не даде детали за тоа кои лиценци се одземени.Во меѓувреме се појавија информации дека им се одземени лиценците на компаниите Интел и Квалком, но функционерите на двете компании не ги коментираа овие наводи.Huawei веќе подолго време е мета на американските санкции, но кинеската компанија полека се враќа, особено по објавувањето на телефонот Mate 60 Pro во август минатата година.

Пронајдете не на следниве мрежи: