Нов глобален мегаземјотрес е веднаш зад аголот: Ќе ни се случи нешто што никогаш не сме го замислувале дури ни во нашиот најлош кошмар

Техеран вети дека ќе возврати на американските постројки за десалинизација во регионот на Блискиот Исток, како одговор на американскиот ултиматум и закана за напад на енергетските постројки доколку Иран не го отвори Ормутскиот теснец.

Недостатокот на свежа вода е главната ранливост на земјите од Персискиот Залив, а ваквите напади би можеле да доведат до глобална хуманитарна катастрофа, пишува весникот „ Известија“ .

За време на сегашниот конфликт меѓу САД и Израел од една страна, и Иран од друга страна , веќе се регистрирани напади врз постројки за десалинизација. Министерството за надворешни работи на Иран на 7 март соопшти дека САД поставиле преседан со тоа што нападнале објект на островот Кешм, оставајќи 30 села без вода.

Вашингтон ниту ја потврди ниту ја негираше оваа информација. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не знае ништо за тој објект“ . Израел, од друга страна, тврдеше дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) биле тие што ја погодиле инфраструктурата .

Историја на напади

Овие постројки и претходно биле цели. За време на Заливската војна во 1991 година, ирачките сили го нападнаа Кувајт и уништија неколку такви постројки.

Потоа Ирак истури 816.000 тони сурова нафта во водите на Заливот и запали повеќе од 700 нафтени бунари, што доведе до затворање на објекти чувствителни на нафта, но и до загадување на подземните води.

Во текот на 2019 и 2022 година, јеменските Хути се обидоа да нападнат објекти во Саудиска Арабија со беспилотни летала и ракети, но без значителна штета.

Зависност од државите од Персискиот Залив

Само Иран и Ирак имаат обновливи извори на свежа вода благодарение на големите реки и езера, иако има и недостиг поради суши.

Другите земји од Персискиот Залив се уште позависни. Во Саудиска Арабија, десалинизацијата обезбедува 70% од водата за пиење, во Оман 86%, во ОАЕ 42%, а во Кувајт дури 90%.

Дури и Израел користи вода од пет големи крајбрежни електрани за снабдување на поголемиот дел од своето население, продавајќи ја на соседите и надополнувајќи го исушеното Галилејско Море.

За разлика од горивото, водата е прашање на опстанок за овие земји. Нема ништо што може да го надомести дефицитот, регионот веќе увезува не само вода, туку и земјоделски производи, чие производство бара ресурси. Нападот врз десалинизаторите е директен напад врз безбедноста на храната, особено ако е блокиран преминот на Ормуз.
The post Нов глобален мегаземјотрес е веднаш зад аголот: Ќе ни се случи нешто што никогаш не сме го замислувале дури ни во нашиот најлош кошмар appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: