НОВ ИНЦИДЕНТ СО АВТОБУС НА ДУРМО ТУРС: На автобус од „Дурмо турс“ му закочило тркалото, сите патници го напуштиле!

Една од линиите Гостивар-Скопје, на меѓуградскиот превозник „Дурмо турс“ денеска не излезе од Гостивар поради наводен дефект на автобусот, пренесува „Алфа“ телевизија.


Според информациите на очевидци кои сведочеа пред камерата на „Алфа“, автобусот откако тргнал од автобуската станица, на постојката која се наоѓа до Културниот дом во Гостивар, дошло до блокада на задното тркало, а на асфалтот имало и трги од кочење.
Коммпанијата „Дурмо турс“ денеска не работи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.