Нов кикс на ПСЖ – Ремс им зема бод во 96-та минута (ВИДЕО)

После два порази во последните три меча, Пари Сен Жермен не успеа да го победи Ремс и остана без триумф во 96-та минута од мечот во ремито 1-1, по кое разликата во трката за титулата остана на три бода во однос на вториот Ланс.

ПСЖ не успеа да избега на плус пет, а имаше победа во рака до 95-та минута, но буквално во последните секунди Форлаин Балогун погоди во мрежата на „светците“, кои последниот половина час го играа со десетмина поради исклучувањето на Марко Верати, а водеа со гол на Нејмар од 51-та минута.

ПСЖ дојде до 48 бода, три пред Ланс, кој се лизна со реми 1-1 кај Троа, па второпласираниот тим сега има 45 бода, а Марсеј е на 43.

За Ремс ова беше 11-то сезонско реми и со 26 бода се на 11-то место, 11 бода над опасната зона.

Пронајдете не на следниве мрежи: