четврток, 26 ноември 2026
Најново

Нов министер за култура-професорот на Медицински факултет Хисни Исмаили

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Универзитетскиот професор, Хисни Исмаили, ќе биде нов министер за култура, објави телевизијата “Алсат М“. Исмаили е редовен професор на Тетовскиот Универзитет, а се образувал во Тузла.
Пред еден месец од Mинистерството за култура оставка си даде Асав Адеми. Адеми тогаш рече дека одлуката ја донеле заедно со Гаши и појасни дека на 22 април побарал од лидерот на партијата да се повлече поради здравствени причини.
Според најавите на Владата, во текот на денешниот ден јавноста ќе ги дознае имињата на сите осуммина министри.

 

 

Поврзани вести