НОВ НАПАД СО ДРОНОВИ НА РУСИЈА: Во пламен рафинеријата за нафта, одекнаа експлозии, беспилотно летало стигна до Москва (ВИДЕО)

Голем пожар избувна во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот во нафтена рафинерија во регионот Калуга по напад на украинско беспилотно летало.Началникот на Калушка, Владислав Шапша, наведува дека била нападната рафинерија за нафта во областа Џержински и дека според првичните информации нема повредени работници.– Пожарот е изгаснат и се проценува степенот на оштетување на инфраструктурата – рече Шапша.Рафинеријата беше цел на беспилотни летала и пред два месеци.pic.twitter.com/yfDlTraXXG— Pluton (@Pluton45873221) May 10, 2024Локалните жители за каналот Телеграм SHOT изјавија дека околу 1 часот по полноќ одекнале неколку силни експлозии во квартот Џержински, по што пожар и чад станале видливи во областа на локалниот магацин за нафта. РИА наведува дека гореле контејнери со дизел гориво и мазут.Мета на беспилотни летала беше и регионот Курск.Три куќи се запалија во селото Теткино во округот Глушко по напад на украински камиказе беспилотни летала ноќта меѓу четвртокот и петокот.– Селото Теткино беше нападнато откако беа фрлени експлозивни направи од дронови – наведува гувернерот Роман Старојт на својот канал Телеграм, додавајќи дека никој од селаните не е повреден.pic.twitter.com/xzNeDEt11l— Pluton (@Pluton45873221) May 10, 2024Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на својот канал Телеграм објави дека силите за воздушна одбрана во Подолск собориле беспилотно летало кое летало кон главниот град на Русија.– На местото на несреќата нема никакво уништување или жртви – вели Собјанин.Министерството за одбрана на Русија соопшти дека беспилотните летала биле соборени и над регионите Белгород и Брјанск.Седум лица загинаа кога беспилотни летала на Вооружените сили на Украина удриле во автобус што превезувал работници на компанијата Агро-Белогорје во областа Борисовски во регионот Белгород рано наутро во понеделникот .

Пронајдете не на следниве мрежи: