Нов начин на лекување срцев удар: Доброволци ќе тестираат фластер за зацелување

Врз група доброволци, наскоро ќе започне тестирање на нов вид природно зацелување на срце, кое што се одвива со помош на матични клетки, по настанат срцев удар, јави Би-Би-Би.
Овој принцип на природно лекување вклучува нешто налик на „фластер“ кој се „зашива“ на оштетениот дел од срцето и се претвора во здрав функционален мускул, а во истовреме ослободува хемикалии кои го обновуваат ткивото.


Срцевиот удар настанува кога затнатата артерија го блокира дотокот на крв во срцев мускул, по што прекинува снабдувањето со кислород и хранливи материи. Тоа може да значи и трајно оштетување на срцето.
Првичните тестови се покажаа успешни, а испитувањето на луѓето треба да почне наредниве две години, соопштија кардиолозите од Универзитетот Империјал колеџ во Лондон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.