Пожар попладнево избувна меѓу селото Долани и Љуботен, штипско. Со минимални изгореници се здобило едно лице, а според досегашните информации нема други повредени лица.
Пожарот е пријавен на бројот 112 од каде информираат дека од страната кон селото Долани, со помош на трактори биле изорани заштитни појаси, по што огнот бил ставен под контрола и изгаснат, без опасност од негово ширење кон населеното место.
Според ЦУК, во моментов, пожарот се шири во правец кон селото Љуботен, каде што гори сува трева, нискостеблеста и борова шума.
Во гаснењето на пожарот ангажирани се едно противпожарно возило, три противпожарни џипови и 10 пожарникари, една работна машина (скип) од ЈП „Стипион“ – Штип, четири трактори, како и екипи на полицијата и Итната медицинска помош.
The post Нов пожар во штипско меѓу селата Долани и Љуботен, едно лице со изгореници appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



