Нов привремен сообраќаен режим на мост “Гоце Делчев“

Нов привремен сообраќаен режим се воведува денес на мостот “Гоце Делчев“ во Скопје при што сообраќајот на потегот од Мавровка кон Влада ќе се одвива во една сообраќајна лента, а сообраќајот на потегот од Пошта кон Судска палата ќе се одвива во две сообраќајни ленти, информира Град Скопје.
-Од среда (14 август) до понеделник (19 август), под времен сообраќаен режим ќе биде само потегот од Мавровка кон Влада и ќе се одвива во една сообраќајна лента, а сообраќајот на потегот од Пошта кон Судска палата ќе се одвива нормално. Знаците за времено водење на сообраќајот на потегот од Пошта до Судска палата ќе останат на булеварот до завршување на работите на тротоарот, а барикадите ќе бидат поставени на работ на коловозот заради безбедност при работа на самиот тротоар, соопшти Град Скопје.
Оттаму потсетуваат дека фазите на имплементација на времениот сообраќаен режим за проектот „Реконструкција на дилатации на мост „Гоце Делчев“ во двата правци“ се со целокупно времетраење од 40 денови, односно од 9 јули до 19 август годинава.
Градот Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, да се придржуваат до времениот режим на сообраќај и да имаат трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.