Ноне во досега невидено издание

Пејачката Ноне Неделковска, која веќе осум години работи на брод како советник за убавина на фришоп, објави фотографија во издание во кое досега не сме ја виделе.


Со дискретна шминка која ги нагласува нејзините очи, Ноне под фотографијата напиша:
„Очите се огледало на душата и одразуваат сè што се чини дека е скриено“.

Од пред неколку месеци, таа има нова љубов, Урош Терзија.
Неодамна, Ноне објави фотографии како со својот сакан шета низ градчето Пиомбино во Италија. Новите авантури на Ноне се исто така од Италија, од прошетката низ Аквариумот во Џенова.
-Веќе осум години работам на брод, само што сега имам поголема одговорност како менаџер, не е лесно различни националности и култури да усогласиш да работат со иста енергија, разбирање и почит. Денот ми завршува исто како што ми почнува, се трудам да ја намалам динамичноста кон крајот на денот и да ја поминам вечерта во мирна и тивка атмосфера, раскажа Ноне за Женски Магазин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.