Норвешка одвојува околу 40 милиони евра за Украина за следната зима

Норвешка одвојува 425 милиони норвешки круни (околу 40 милиони евра) за зајакнување на енергетскиот систем на Украина како дел од новиот договор со Европската Унија, објави денес норвешкото Министерство за надворешни работи.

„Средствата ќе ѝ помогнат на Украина да ги задоволи итни потреби, а во исто време ќе придонесат за нејзината реконструкција, модернизација и пат кон пристапување кон ЕУ“, се додава во соопштението, објави парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница.

Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ајде (Барт) изјави дека зимата може да се чини далеку, но подготовките треба да започнат сега, пренесе „Бета“.

Пронајдете не на следниве мрежи: