НОРВЕШКА: Русите распоредуваат бродови со нуклеарно оружје во Балтичкото Море

Норвешката разузнавачка служба во својот годишен извештај тврди дека Русија почнала да распоредува тактички бродови со нуклеарно оружје во Балтичкото Море за прв пат по 30 години.

„Клучниот дел од нуклеарниот потенцијал е на подморниците и површинските бродови на Северната флота“, истакнаа норвешките разузнавачи.

НОРВЕШКА: Русите распоредуваат бродови со нуклеарно оружје во Балтичкото Море

Тие додаваат дека воените бродови на Северната флота редовно оделе во море со нуклеарно оружје за време на Студената војна, но ова е првпат модерна Русија да го стори истото, пренесува Политико.

Тие не исклучуваат потенцијална ескалација.

Иако Русија има и подморнички капацитети, антисателитско оружје и сајбер способности кои би можеле да ја загрозат Норвешка и воената алијанса на НАТО, тактичкото нуклеарно оружје е „особено сериозна закана во неколку оперативни сценарија во кои би можеле да бидат вклучени земјите на НАТО“, се вели во извештајот.

Норвешката разузнавачка служба исто така истакна дека не може да се исклучи ескалација на локализирана војна во поширок конфликт во кој се вклучени САД, НАТО и Норвешка. Разузнавачките експерти оценија дека Русија ќе го одржува, модернизира и развива својот нуклеарен арсенал, но не очекуваат значителни промени во руската нуклеарна доктрина во наредните години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.